Петар Печков
Објавено: вторник, 08 мај 2007
На 20-ти мај во велешкиот соборен храм „Св.Пантелејмон“ ќе се одржи Семакедонска православна христијанска средба, чиј организатор е Повардарската Епархија.
На средбата, која е прва од ваков вид, се очекува да присуствува комплетниот врв на МПЦ, предводен од поглаварот г.г. Стефан и сите архијереи од епархиите, како и истакнати гости и теолози од Македонија.
Предвидено е предавање на тема „За подвигот на единството“ каде ќе говори проф. Д-р Ѓоко Ѓорѓески од Теолошкиот факултет во Скопје.
Во попладневните часови за гостите планирана е посета на археолошкиот локалитет Стоби.

Tweet |